Портпаролката на полицијата за регионот на Приштина, Флора Ахмети, за TIME изјави дека вечерва се случил инцидент во Приштина, било пукано од калашников, а има и едно загинато лице. Инцидентот се случил околу 20:00 часот.
Се’ уште не се знае што се случило, но во градот одекнуваат полициски сирени.
Клан Косово објави дека убиеното лице било во возило со македонски регистарски таблички, но од надлежните нема потврда за истото.
Како што се додава во косовските медиуми недалеку од местото на настанот бил пронајден запален автомобил за кој се сомнева дека го користеле напаѓачите.
https://youtu.be/YfOwBnCnc9s
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата