logo
logo
logo

ИЗЛЕТА ВОЗИЛО на автопатот Тетово-Гостивар: ИМА ПОВРЕДЕНИ

Vecer | 12.07.2021

ИЗЛЕТА ВОЗИЛО на автопатот Тетово-Гостивар: ИМА ПОВРЕДЕНИ

Доцна синоќа во 22:56 часот било пријавено дека на автопатот Гостивар -Тетово, на 100 метри после „Пирочки натпатник“, патничко возило „опел корса“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(22) од с.Селце, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.Ј.(26) од с.Голема Речица, а со телесни повреди се здобила уште една сопатничка Х.С.(22) од Дреноец-Порој, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk