logo
logo
logo

Ивановска: Транспаренси, ЕУ и ГРЕКО и потврдуваат дека кај нас политиката влијае врз бизнисот

Vecer | 01.02.2021

Ивановска: Транспаренси, ЕУ и ГРЕКО и потврдуваат дека кај нас политиката влијае врз бизнисот

Билјана Ивановска од Државна комисија за спречување на корупција во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ зборуваше за високото ниво на корупција во државата и посочи дека веќе втора година поред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот.

„Се е поинаку кога и од надвор ќе се покажат истражувањата кои ние веќе претходно сме ги алармирале во државата. Ако се прифати дефиницијата општо прифатена дека кај нас корупцијата станала начин за живеење мислам дека ова не е чудно.

„Во ризиците од корупција кои ги подготвуваме водечко беше влијанието политиката, потоа владеење на право односно невладеење на правото во однос на неказнивоста, интегритетот, донесување на закони постапки, и се спомнуваат во овој извештај на Транспаресни и тоа втора година по ред доаѓа до израз влијанието на политиката врз бизнисот и тие препораки ги кажува и Греко, нагласи Ивановска и додаде:

„Истото тоа ни го кажува и Европската Комисија и тоа ние секако тоа така го ставаме на страна. Тие се состојбите во државата и оние работи кои сме ги дефинирале во националната стратегија како активности потребни за надминување на овие состојби час поскоро да се извршат, рече Ивановска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk