logo
logo
logo

Истакнати членови на СДСМ од Охрид формираат независна листа за локалните избори

Vecer | 28.04.2021

Истакнати членови на СДСМ од Охрид формираат независна листа за локалните избори

Истакнати членови на СДСМ од Охрид, меѓу нив и повеќе долгогодишни советници во Советот на општината формирале Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори. Мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „ОХРИД ПРЕД СЕ“.

„Основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми. Иницијативниот одбор на „ОХРИД ПРЕД СЕ“, ги повикува сите граѓани на Охрид да дадат свој придонес во подготовката на изборната програма, стои во соопштението.

Додаваат дека намерата на Иницијативниот одбор е да создаде изборна листа на кандидати за членови на Советот на општина Охрид кои непосредно ќе ги претставуваат интересите на своите сограѓани, интересите на еснафот, на работниците, на охридските маала и населени места, без примање наредби од политичките партии и внатрепартиските хиерархии.

„Партиите, со сите свои предности и слабости нека продолжат да ги креираат државните политики, но нашата примарна цел е да го вратиме вистинското значење и улога на Советот на општината во кој ќе доминираат локалните интереси на граѓаните, раководени само од своите избирачи, велат оттаму.

На списокот се Томе Чингоски, Димитар Велјаноски, Јован Мирчески, Никола пројкоски, Елизабета Баракоска, Лидија Стојановиќ, Владо Чингоски, Рита Наранџоска, Горан Трајкоски, Ивица Будески.

Станува збор за истакнати членови на СДСМ од таканараченото старо крило на СДСМ. Нивното отцепување на независна листа извори од партијата го толкуваат како израз на таложеното незадоволство во партијата. Тоа се луѓе со кои СДСМ се идентификува во Охрид практично. Дознаваме дека е можно вакви листи да има и во другите градови во земјава.

Инаку за постарите членови на СДСМ е неразбирлив потегот за разрешување на Стојко Пауновски, довчерашниот директор на Државниот пазарен инспекторат кој пак исто така е дел од тоа крило на СДСМ.

Извор: Фактор.мк

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk