logo
logo
logo

Искршени прозорци на Собранието

Vecer | 05.07.2022

Искршени прозорци на Собранието

Провокатори со фантомки упаднаа на народниот протест пред Собранието. Тие ја турнаа полициската ограда и почнаа да фрлаат со делови од калдрмата по зградата, по што скршија и прозори од Парламентот.

Провокациите не наидоа на поддршка од граѓаните, кои продолжија мирно да протестираат, да скандираат, да пеат „Едно име имаме“ и да бараат оставка.

- Насилници, срамота, и што сега, што направивте?, коментираат граѓаните.

Дека деновиве има личности кои се обидуваат да ги обезвреднат сè попосетените протести против владата и политиките кон Бугарија веќе предупредија и неколку политичари.

Вчера за ова предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, а за да фрлат сенка врз народниот протест, и СДСМ и ДУИ со соопштенија „ги осудија насилствата“.

Денеска премиерот Димитар Ковачевски рече дека „ќе се случуваат неевропски потези на протестите“, за што и е забележливо и големо полициско присуство околу Собранието и целиот скопски центар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk