Премиерот Христијан Мицкоски во рамки на безбедносната конфенеција во Минхен, се сретна и со холандскиот премиер Дик Схоф.
- Денеска во Минхен остварив продуктивна средба со холандскиот премиер, Дик Схоф. Холандија не е само наш искрен пријател, туку и еден од нашите најзначајни економски партнери.
Добивме јасна потврда дека Македонија има силен сојузник во Холандија за нашиот евроинтегративен пат, базиран на реални резултати и реформи.
Разговаравме за холандските инвестиции кои веќе се присутни со свои производствени капацитети во Македонија, исто така и за можноста за поголема соработка и инвестиции на холандски компании во сферата на здравството.
Продолжуваме да ја градиме Македонија како атрактивна дестинација за европскиот капитал. Секоја нова инвестиција значи нови работни места и подобар стандард за нашите граѓани!, објави Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата