logo
logo
logo

Заев и Ахмети го измениле ДУП на Тетово за Дака да направи милионски бизнис

ДА НЕ БЕВМЕ НИЕ, КАЈ „ШИК ЈЕЛАК“ ЌЕ НИКНЕШЕ БЕТОНСКА ЏУНГЛА ВРЕДНА 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Vecer | 03.04.2026

ДА НЕ БЕВМЕ НИЕ, КАЈ „ШИК ЈЕЛАК“ ЌЕ НИКНЕШЕ БЕТОНСКА ЏУНГЛА ВРЕДНА 200 МИЛИОНИ ЕВРА

Власта на Зоран Заев и Али Ахмети, во 2020 година, на само еден ден по изборот на новата влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно му овозможи бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака – потсети денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

– Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ – Дака, преку фирмата „Јелак Градба”. На истиот овој простор крими коалицијата предводена од СДСМ и ДУИ, во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата во 2020 година. Со новиот ДУП, планирано било на овој простор да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени едници во вредност од 200 милиони евра.

Да потсетиме, дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово заради бизнис интерес на врвот на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никнеше бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри. Ова е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние се бориме против криминалот и корупцијата, тие се криминалот и корупцијата – рече Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk