Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека оваа Влада не се грижи еднакво за сите, како што бара Уставот, но и базичниот морал во услови на криза. Неговиот пост за вакцинирањето ви го пренесуваме во целост:
“Критериумите за распоред за вакцини мора да бидат само по здравствени параметри!
Распоредот за вакцинирање е неправеден, неуставен и фрапантен.
Само докторите, медицинскиот персонал и вработените во здравството може да имаат предност, зошто тие ја обезбедуваат здравствената заштита за другите.
Преку ред вакцинирањето под флоскулата дека се вакцинира “суштествена државна инфраструктура” (зад која се кријат јавни професии и функции) е спротивна на Уставот на Република Македонија.
Зошто вработените во приватниот сектор да не се еднакви со вработените во државниот сектор?
Зошто текстилните работнички да не се еднакви со вработените во управните служби на Владата?
Зошто вработените во пекарите, месарите и продавниците не се еднакви?
Зошто вработените во угостителството (единствен сектор со тотален lockdown) немаат предност?
Зошто невработените имаат помалку права од вработените во државната управа?
Зошто лицата со хендикеп немаат права пред функционерите во државната, судската и безбедносната хиерархија?
Треба да прашам за хронично болните кои немаат среќа да работат во измислената “суштествена државна инфраструктура”?
А дијабетичарите? Да се молат за преживување?
Нели секој ден ни кажуваат кои се странични споредни најсилни причини за смртност? Дијабетис, обезност, пневмонии, возраст, срцеви слабости,…
Па дајте бе барем по тој ред вакцинирајте…
Единствените критериуми за обезбедување на здравствена заштита мора да се врз база на здравствени параметри, а не врз база на општествена положба. Се друго е спротивно на Уставот на Република Македонија…
Што вели Уставот?
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се ЕДНАКВИ ВО слободите и ПРАВАТА независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и
верското уверување; имотната и ОПШТЕСТВЕНАТА ПОЛОЖБА.
ГРАЃАНИТЕ пред Уставот и законите СЕ ЕДНАКВИ.
Член 35
…Републиката им гарантира право на помош на НЕМОЌНИТЕ и на НЕСПОСОБНИТЕ за работа граѓани.
Републиката им обезбедува посебна заштита на ИНВАЛИДНИТЕ лица и услови за нивно вклучување во општествениот живот.
Член 39
На секој граѓанин му се гарантира ПРАВОТО НА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА.
Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
Ја разбирам желбата на секого да дојде побрзо до вакцина.
Никој граѓанин не е виновен, виновна е Владата зошто нема обезбедено вакцини.
Секој се бори за да преживее, и тоа е негово право.
Но не е фер, млади, способни, здрави и агилни (вработени во државен сектор) да се вакцинираат пред постари, хронично болни, хендикепирани и загрозени лица.
Оваа Влада покажа дека е етатистичка, и збор не разбира од права на граѓаните, еднаквост и заштита.
Оваа Влада не се грижи еднакво за сите, како што бара Уставот, но и базичниот морал во услови на криза.
Чувајте се, зошто немаме државна управа и Влада да го прави тоа за нас… пишува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на ФБ