logo
logo
logo

ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред лидерската: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД ДИКТАТИ НЕМА ДА ИМА, овие околности се поразителни за Македонија

Vecer | 07.06.2023

ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред лидерската: УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД ДИКТАТИ НЕМА ДА ИМА, овие околности се поразителни за Македонија

Пред почетокот на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одржа состанок со Извршниот комитет  на партијата на која добил да ја брани позицијата против уставни измени под бугарски диктат.

Потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски, рече дека е погрешна тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација на земјава. Она што се одлучува, според ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе има уставни под диктат или ќе има одбрана на националното достоинство и државните интереси

- Денес во пресрет на одржувањето на лидерската средба заседаваше ИК на ВМРО-ДПМНЕ и донесе одлука да го овласти претседателот Христијан Мицкоски да ги афирмира и одбрани следните позиции. Тргнувајќи од националните интереси и мислењето на огромниот број граѓани уставни измени под диктат и под поразителни околности за Македонија не смее да има, рече тој.

Додаде дека носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот државен идентитет, кога се оспорува јазикот и историјата, не е никаков чекор напред.

„Македонија поради лесните отстапки е веќе во изолација“, рече Муцунски.

Тој додаде дека затоа е погрешна тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација на земјава. Она што се одлучува, според ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе има уставни под диктат или ќе има одбрана на националното достоинство и државните интереси.

Муцунски порача она што го бара ВМРО-ДПМНЕ е фер шанса каква што ја имаат и другите народи во Европа кога ѝ пристапувале на ЕУ.

По неуспехот на уставните измени, беше дециден Муцунски, следниот чекор треба да бидат предвремени парламентарни избори.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk