logo
logo
logo

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Vecer | 23.07.2021

И Катица Јанева е спроведена во „Идризово“

Поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“.

Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска го потврди ова и додаде дека спроводот е без упатен акт од судија за извршување на санкции, кој требаше да го издаде судот во Гевгелија.

„Спроведена е во ‘Идризово’ без упатен акт, што сметаме дека е спротивно на Законот за кривична постапка. Ќе поднесеме вонреден правен лек до Врховниот суд“, вели Фрчковска за „Макфакс“.

Јанева е осудена на седум години затвор. Скопска Апелација ја потврди казната. Таа од изрекувањето на првостепената пресуда па до сега, беше во домашен притвор поради опасност од бегство.

Вчера во ‘Идризово’ беше спроведен и Бојан Јовановски, кој доби деветгодишна затворска казна.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk