logo
logo
logo

И гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и тие на СДСМ гледаат Сител и Канал 5, разлика се Алфа и 24

Vecer | 06.06.2023

И гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и тие на СДСМ гледаат Сител и Канал 5, разлика се Алфа и 24

Националниот демократски институт спроведе истражување на јавното мислење од 13-24 април 2023 година и ги сподели наодите со лидерите на јавното мислење за да добијат информации за креирањето на јавните политики.

Во однос на тоа што се гледа на телевизија гласачите на ВМРО-ДПМНЕ најмногу гледаат Сител, Алфа и Канал 5, односно од тие 68 отсто кои се информираат од телевизиите најмногу гледаат Сител (55%), потоа Алфа (20%), па Канал 5 (16%).

Гласачи на СДСМ најмногу го следат Канал 5 (28%), па Сител (27%) и ТВ24 (20%).

Сепак според истражувањето само 54 отсто од гласачите на СДСМ гледаат телевизија.

На неопределените гласачи најчест извор за информирање им е Алсат (28%), па Сител (27%) и трета по ред е Алфа со 8%.

Резултатите се од теренско истражување лице-в-лице од 13 до 24 април, нарачано од НДИ, со маргина на грешка +/-3,09 процентни поени на 95% ниво на доверба, големина на примерок од 1.003 испитаници на возраст од над 18 години. Истражувањето беше спроведено од ТИМ Институт и финансирано од Националната фондација за демократија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk