logo
logo
logo

Анализа

ИНВАЗИЈА И ОБУКА НА ДЕМОНСТРАНТИ ОД СРБИЈА ЗА ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 23.03.2025

ИНВАЗИЈА И ОБУКА НА ДЕМОНСТРАНТИ ОД СРБИЈА ЗА ПРОТЕСТИ ВО МАКЕДОНИЈА

Јавноста се сеќава на вестите од пред околу месец дена дека властите од Србија протераа 15-тина припаднци (“активисти“) на соросовите невладини организации од Хрватска и Босна, а меѓу нив и две лица од Македонија кои биле на обука и учесници на протестите во Србија.

Таа вест треба да се запамаети бидејќи најавуваше дека протести во соработка со српските демонстранти се планираат и во Македонија, и тоа далеку пред големата несреќа која се случи во Кочани. И, дојде денот кога тоа ќе се случува.

Се случува истото што се случуваше во 2016/2017та година кога српската телевизија Н1 која и сега е главен промотер на протестите во Србија објавуваше дека “со протестите во Србија и Македонија се случува балканска пролет“!

Додека властите во Србија лекуваат повредени Македонци од пожарот во Кочани, демонстрантите против таа српска власт подготвуваат протести - во Македонија.

За какви демонстранти се работи е веќе познато, со кој степен на насилство се служат, а вчера се случи дури и пукање во српската општина Оџаци кога еден од демонстрантите, Миша Милетиќ, водачот на протестот, двапати пукал во стомакот на Бојан Михајловиќ кој е дел од  обезбедувањето на општинската зграда во Оџаци.

Значи, гледаме инвазија и обиди за окупација на Македонија од српските демонстранти помогнати од домашните соросоиди. Формална причина - несреќата во Кочани, вистинска причина - борба за покажување сила - за нови пари и фондови сега кога се најавуваат кратење на пари од УСАИД и Америка и се бара алтернатива за нови пари од европските држави, пред се Холандија, Германија, Шведска и Швајцарија. Чист комерцијален протест на соросоидите за продажба на влијание, а врз мака и на штета на сите во Македонија.

Услови во кои се најавуваат протестите

Како што е лесно да се констатира дека протестите кои се во најава се чист комерцијален зафат на соросоидите да се дојде до нови пари откако ќе се покаже сила и моќ да се доминира и создаде хаос по нарачка, исто толку е тешко да се најде вистинска причина за протести.

Македонија, со власт која функционира само девет месеци, веќе е пример во регионот по странски инвестиции, реформи во здравството и образованието, сите проекти во градежништвото и инфраструктурата кои стоеа со години се во реализација... Тоа СДСМ, ДУИ и “невладините“ соросоиди не можат да го поднесат бидејќи најавува нивна долга опозиција.

Несреќата во Кочани е последица на корупција. Како што и несреќите кај Ласкарци, запалениот македонски автобус во Бугарија или пожарот во тетовската болница се производ на корупција. Сите три случаи - корупција нан СДСМ и ДУИ. Но, има разлики кој и како тогаш, а  како сега постапува по несреќите и што се случива по тие несреќи.

По несреќата во тетовската болница со 15 жртви во 2021 година тогашниот премиер Зоран Заев изјави: „Што треба сега сите да се посипеме со бензин и да се запалиме?“. До ден денеска нема финални судски пресуди и одговорност за раководителите на болницата, ниту за одговорните лица во министерството за здравство. Несреќата се случила во државен, јавен објект, што е директна вина на сопствениците на објектот, тетовската болница и владата. Немаше протести од соросоидите.

Во Ноември 2021 се запали македонски автобус на Беса Транс на пат во Бугарија. Изгореа 45 македонски граѓани. Причината е идентична како онаа за пожарот во Кочани - корупција. Имено, Беса Транс немала легална дозвола за меѓународен превоз на автобусот, имале фалсификувана документација, користен извод од лиценца која не припаѓа на автобусот кој се запали. Ист случај со газдата на “дискотеката“ во Кочани.

Како заврши правната постапка за Беса Транс. Сопственикот на фирмата Беким Хаџиу е осуден на 20 месеци затвор заради “фалсификивање службена исправа“, а не заради предизвикување смрт на 45 лица со ставање во промет на автобус без исправна докумнетација. Но, пресудата по три години се уште не е правосилна. Во декември 2024та Апелција ја укина пресудата и ја врати на повторно судење заради погрешно утврдени факти: автобусот не излегол од Македонија со лажна лиценца 20 пати како што тврди истрагата, туку 10 според Апелација!

Никој не поднесе одговорност или оставка од локалните или централни власти на СДСМ. Никој не е во затвор за наведените пожари. Соросоидите никогаш не протестираа ни за ова

Што се случи во Кочани, несреќата и се потоа?

За 24 часа по несреќата МВР утврди дека објектот работел со фалсификувана лиценца издадена во 2024та од функционери на СДСМ и ДУИ. Уапсени се и процесуирани на обвинителството над 20 лица, од министер , државен секретар, тројца градоначалници, полициски началници, комунални инспректори.

Преземена е итна и ефикасна акција во која над 120 повредени лица се сместени во домашни болници и организиран итен прифат на дел од повредените во Србија, Турција, Бугарија, Хрватска, Израел... и во критичните 72 часа кои се клучни за преживување после пожар нема други починати.

Израел, Италија, Хрватска, Чешка, Србија... изразија јавен респект за брзата и ефикасна постапка на македонските власти по несреќата во Кочани. Реакција и на полицијата и на здравствените имнституции. Се најави масовна истрага по сите угостителски објекти, дискотеки, ноќни клубови а понатаму и на училишта и градинки за утврдување на реална состојба во областа на заштита и легалитет на нивното работење. Државата функционира.

Државата функционира и покажа како требаше да функцинира и во 2021 кога се случија пожарите со автобусот на Беса Транс или во тетовската болница - а не функционираше. Да преземеа потребни мерки Зоран Заев со СДСМ и ДУИ во 2021 никаков пожар во Кочани немаше да има. Не, тие молчеа, тераа по старо и понатаму и ги плаќаа соросоидите да молчат и тие.

Кој организира протести и со која цел

Проетстите кои се најавуваат се организираат со штаб од демонстрантите во Белград и  соросидни активисти од Скопје помогнати пред се од Левица и дел, сепак само дел, од приврзаници на СДСМ.

Велиме дел од СДСМ затоа што формалниот претседател на СДСМ Венко Филипче не повикува на протести тука бара единство во оваа критична ситуација но, вистинскиот шеф на СДСМ Зоран Заев во партијата ја постави Фани Каранфиловска од соросовото Отворено опшеттсво за заменик претседтаел а Ана Чупевска за потпретседател, и таа од соросидниот врв, за сопствена заштита и гаранција и Зоран Заев е тој што е коорганизатор на најавените протести

Зошто Зоран Заев е коорганоизатор? Затоа што во тек е реформа во обвинителството и судството, во тек е најава на законски изимени после што следи можен законски прогон на фамилијата Заеви која е избегана во Дубаи. Ако протестите успеат, Зоран Заев и фамилијата ќе бидат слободни. За таа цел Заеви не штедат ни пари ни време, за нив е - сега или никогаш.

Веќе е јасно дека влегуваат шефови на протестите од Србија, некои вчера бе запрени на граничниот премин Табановце. Други се веќе тука. Трети, кои беа на обука во Србија се вратени, имаат добиено цел елаборат од 20-тина страници како да организраат студентски и средношколски пленуми, како да предизвикаат инциденти, кој и какви изјави да дава за медиумите, како да одбиваат комуникација со институциите... се напишано, црно на бело.

Што ќе бараат на протестите? Прво ќе бараат поттикнување на емоции и усмерување на емоциите по трагедијата од Кочани врз актуеланата власт што нема да им биде лесно бидејќи сите елементи на документација и одговорност се поврзани со минатата власт ан СДСМ и ДУИ.

Ќе ја бомбардираат јавноста со пароли за демократија, слобода и куп општи фрази без конкретни примери и решенија. Ќе ги штитат Заев и Артан Груби. Ќе бомбардираат социјални мрежи со постови од лажни ликови, профили формирани неодамна или што биле во мирување од шарената револуција и непознати за јавноста. Бидете претплазливи.

Потоа ќе бараат “техничка влада“ на експерти, секако експерти од редовите на соросоидите за да се запрат понатамошните истраги за корупција, законски измени и реформи во обвинителството и судството што значи спас за кланот на Заеви и стотина други одговорни за корупција и фалсификати како што видовме за трагедиите во Кочани, со Беса Транс, со болницата во Тетово. Нема да бараат избори, бидејќи СДСМ и ДУИ би ги загубиле, туку “техничка влада“ по нивни избор - власт без избори. 

Имаат ли сила и пари за таков скап зафат? Пари секако има, од Зоран Заев до Артан Груби и сите други засегнати од борбата против корупција која е во тек имаат повеќе пари за таа намена од што можете да замислите. А за пари, за најавените 50 евра дневно за секој “Сорос активист“ што ќе протестира, во сиромашна Македонија може да се најдат неколку иљади заинтересирани.

Но, крајот ќе биде поинаков. Никој не е заинтерсиран да запрат зголемувањата на пензии, странските инвестиции, реформите во здравство во кое сега нема скандали како во Офтамологија или препродавање лекови со истечен рок, да запрат градбите на автопатиштата и болниците кои се во тек, да запрат реформите во образование кое сега има книги за децата и ослободено е од идеологијата “немаш татко и мајка, имаш родител еден и родител два...“...

На крај, ако “белградската анарихстичка герила“ по поразот на протестите во Србија сега дојдена на поправен испит во Скопје стане агресивна и неподнослива - ќе има избори. И потоа нормалниот живот ќе продолжи, а тие дефинитивно ќе завршат на ѓубриштето на демократијата отфрлени од нормалниот свет кој сака да живее во држава која има власт што победила на избори, а не власт собрана од улица која никому за ништо не одговара.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk