ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Делчевецот Васко Панчовски ја ДОНИРАШЕ наградата освоена за Водици

Делчевецот Васко Панчовски кој го извади светиот крст од водите на река Брегалница за празникот Водици уште еднаш ја покажа својата хуманост на дело. Како што претходно најави, денеска тој ја донираше машината за перење алишта на седумчлено семјство од делчевското село Стамер.
-По дводневна консултација со моите другари, решивме наградата да ја доделиме на седумчлено семејство со три дечиња од селото Стамер. Одлучивме дека тие имаат најмногу потреба од овој апарат за домаќинство за што им посакуваме со среќа да го користат, рече Панчовски.