logo
logo
logo

Хорор: Три лица од струшко злоставувале малолетничка

Vecer | 25.03.2023

Хорор: Три лица од струшко злоставувале малолетничка

Струшката полиција денеска привела три лица поради сомневање за полов напад врз малолетничка, помала од 14 години.

СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени две повозрасни лица и еден малолетник.

– ОВР Струга денеска ги лиши од слобода Т.Л.(57), од струшкото село Враништа, Н.К.(69) од селото Драслајца и 17-годишно лице од селото Мороишта, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Според информациите, настанот во полиција го пријавил таткото на девојчето. Жртвата била злоставувана во неколку наврати, а еден од сторителите бил близок пријател на семејството.

По целосно документирање и расветлување на настанот, Димоски додаде дека ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk