Откако премиерот Зоран Заев во неговото гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија го обвини порашениот премиер Никола Груевски дека патувал со хеликоптер до Грција, веднаш со демант реагираше Груевски.

– Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер, кратко одговори Груевски на Фејсбук.

– Хеликоптерот троши помалку од Заев и две коли кои го следат. Ја исполнив мојата агенда. Леталото и пилотот мора да ги исполнат часовите. На времето Груевски одеше приватно до Грчка со хеликоптери, па беше мк. Јас давам секогаш одговори, рече Заев на Канал 5, изјава која Груевски ја демантира

Никогаш во животот не сум влегол во хеликоптер.

Заев: Груевски го користеше хеликоптерот приватно, па беше м’к

Posted by Nikola Gruevski on Friday, April 2, 2021