logo
logo
logo

Груби: Видете што постигнавме за 20 години, сè е и на албански јазик

Vecer | 03.08.2021

Груби: Видете што постигнавме за 20 години, сè е и на албански јазик

Активностите за одбележување на 20-годишнината од Охридскиот Договор продолжија денеска со организирана трибина од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците на тема „Скопје и новите албански адреси, рефлекција на Охридскиот Договор“.

На трибина на која учествуваше и првиот вицепремиер, Артан Груби, главна тема беше именувањето на скопските улици со имиња на истакнати личности и важни настани од албанската национална историја.

Имено, околу 150 имиња на албански дејци се поставени како имиња на улици, плоштади и булевари во Скопје, а Груби во неговиот говор истакна дека тоа е големо достигнување како резултат на имплементацијата на Охридскиот Договор.

„Патот на еднаквоста бара секојдневен третман и ангажман од секој од нас, во секоја институција каде што сме присутни, од Претседателот, Претседателот на Собранието, Претседателот на Владата, Советникот на Град Скопје, директорот во институција, вклучително и административниот службеник ја има најголемата можна човечка одговорност за да ја гарантира еднаквоста и за да ја одржи таа еднаквост до денот на неговото пензионирање“, изјави вицепремиерот.

Груби ги извести присутните и за текот на преземените активности од страна на Владата за одбележувањето на 20-годишнината на Охридскиот Договор, а се осврна и на неговото подлабоко значење.

„20 години не се далеку. Застанете само направете ја разликата како сме биле пред 20 години и како сме денес. Во Влада зборуваме на албански, во Собрание зборуваме албански, влезете на веб-страната на Претседателот, сè е и на албански јазик. Дури и вчера на одбележувањето на Илинден ечеше албанска музика и албанско оро среде Крушево и немаше никакво двоумење од ниеден учесник околу достоинствената презентација и на албанската култура. Нема институција во ова земја која не зборува и албански. Нема ништо невозможно кое ние не можеме да го реализираме и ова е благодарение на сите оние кои ја имаа храброста од логорите до Собранието да ја променат политичката, правната реалност на оваа држава правејќи го Албанецот државнотворец и придонесувач во нашето општество“, кажа првиот вицепремиер и министрер за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk