logo
logo
logo

Груби не реагираше за северномакедонски на Алекс Сорос, реагираше Ван ден Берг

Vecer | 29.08.2022

Груби не реагираше за северномакедонски на Алекс Сорос, реагираше Ван ден Берг

Додека вицепремеирот Артан Груби не реагираше за нарекувањето северномакедонски, од страна на Александар Сорос, синот на Џорџ Сорос, тоа го стори холандскиот експерт за Западен Балкан, Ханс ван ден Берг.

Тој потенцира дека  и бруцош на балкански студии знае дека нема такво нешто како „северномакедонски“.

- Не постои такво нешто како ‘северномакедонски’, само македонски. Ова го знае секој студент од прва година на балкански студии. Другиот твој македонски пријател, Никола Димитров, напиша јасно, веднаш по ‘Преспа’, за тоа како треба и како не треба. Неверојатно е тоа што ви недостига основно познавање на најважните работи на Западен Балкан“, реагира Ван ден Берг под објавата на твиер од Александар Сорос за неговата средба со вицепремиерот Артан Груби.

„Одлично се запознав со мојот добар пријател северномакедонскиот вицепремиер Артан Груби“, објави Александар Сорос, син Џорџ Сорос.

Сорос помладиот сега ја води фондацијата Отворено општество.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk