logo
logo
logo

ГРЦИЈА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН - Нови пожари, четири региони под највисок ризик

Vecer | 07.08.2026

ГРЦИЈА ПОВТОРНО ВО ПЛАМЕН - Нови пожари, четири региони под највисок ризик

Грција повторно се соочува со нов бран шумски пожари, откако во последните часови избувнаа повеќе огнени жаришта низ земјата. Поради екстремно високите температури, продолжената суша и силниот ветер, грчките власти прогласија многу висок ризик од пожари во четири региони – Атика, Пелопонез, Егејските острови и Халкидики. Температурите достигнуваат околу 40 степени, безбедносните служби ги засилија патролите во шумските подрачја, а до жителите и туристите е упатен апел строго да ги почитуваат упатствата на надлежните институции во случај на избувнување пожар.

Од годинава Грција користи и сателитски систем за откривање нови жаришта, кој во реално време испраќа информации до службите за побрза интервенција.

Новите пожари доаѓаат само неколку дена откако големите огнени фронтови северозападно од Атина почнаа да слабнат. Во пожарите кај Псата и Порто Гермено беа уништени домови, земјоделско земјиште и борови шуми, а при гаснењето загинаа двајца членови на екипаж на противпожарен хеликоптер. И по смирувањето на фронтовите, стотици пожарникари останаа на терен поради опасност од повторно разгорување.

Грција во текот на ова лето повеќепати беше ставана во состојба на висока противпожарна готовност поради комбинацијата од суша, високи температури и силни ветрови, кои значително го отежнуваат гаснењето од воздух и овозможуваат огнот брзо да зафати нови подрачја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk