logo
logo
logo

КСОМ

„Граѓаните се осиромашени и НЕ МОЖАТ ДА ОПСТАНАТ СЕ Е ПОСКАПЕНО“

Vecer | 13.08.2022

„Граѓаните се осиромашени и НЕ МОЖАТ ДА ОПСТАНАТ СЕ Е ПОСКАПЕНО“

Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) бара од Владата итно да се одржи седница на Социјално-економскиот совет.

Според КСОМ, причина за ваквото барање е актуелната состојба „која е неиздржлива поради енормно покачените животни трошоци“.

Доколку не се исполнат барањата за итна седница, КСОМ најавува дека ќе одржи штрајк

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата и главен генерален координатор на независните синдикати во Македонија Гоце Делчев Тодев рече дека од мај годинава огромен е бројот на граѓани кои ја напуштаат земјава, особено од секторите полиција, здравство и образование.

Оценка на КСОМ е дека годишно од земјава заминуваат пет отсто од вработените во образованието.

-Апелираме и до останатите синдикати на национално ниво, да седнеме и заеднички да донесеме став. Доколку ни се приклучат, ќе бидеме уште посилни како работници. Доколку не сакаат да се приклучат на нашата иницијатива, ние веќе донесовме одлука. Ќе правиме штрајкови и протести, а за датумот дополнително ќе известиме, истакна на денешната прес-конфернција претседателот на КСОМ Марјан Ристески.

Според КСОМ, граѓаните се осиромашени и не можат да опстанат зашто се е поскапено, а платите се на исто ниво, додека Владата прави непродуктивни трошоци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk