logo
logo
logo

Граѓаните незаинтересирани, Филипче ќе ги мотивира за вакцинација!

Vecer | 23.06.2021

Граѓаните незаинтересирани, Филипче ќе ги мотивира за вакцинација!

Само 180 илјади граѓани што се пријавиле на сајтот за вакцинација не добиле вакцина, а најавено е дека наскоро ќе пристигнат околу 600 илјади дози од вакцините на „Фајзер“ и на кинескиот производител „Синовак“. Поради ова, стравувањата се дека можеби вакцините ќе останат неискористени.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе има засилена кампања за вакцинација, а во регионите каде што се забележува дека недоволен број граѓани се пријавиле за имунизација, ќе има и теренска имунизација. Со овие два механизми државата ќе се обиде да го постигне планираниот вакцинален капацитет, од 1 милион и 200 илјади граѓани што се планира да добијат вакцина, затоа што децата не се опфатени во процесот.

Во моментот имунизацијата во земјава е забавена, зашто се чекаат да пристигнат новите количини вакцини. Освен овие нарачки, нема да се прават дополнителни, зашто до крајот на годинава се чекаат уште 350 илјади дози фајзерови вакцини преку КОВАКС-механизмот, и уште 194 илјади дози руска вакцина „Спутник В“.

Во разговорот со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо, министерот Филипче ја добил информацијата дека во Кина, и покрај тоа што се вакцинирани со две дози, некои граѓани заболувале од индиската односно делта варијантата на коронавирусот.

– Важно е дека сите се со лесна клиничка слика  истакна тој.

Веќе е направен план како ќе се распределат вакцините по пунктови. Вакцините на „Фајзер“ ќе бидат сместени во 8 града каде што има фрижидери од минус 80 степени, какви што се потребни за складирање на мРНК-вакцината. Вакцините на „Синовак“ се чуваат на температура од 2 до 8 степени поради што ќе може да се распределат на повеќе локации.

– За брзо време ќе се вакцинираат сите 180 илјади пријавени граѓани  уверува Филипче.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk