logo
logo
logo

Градоначалникот на Неготино ПОЗИТИВЕН на корона!

Vecer | 19.02.2021

Градоначалникот на Неготино ПОЗИТИВЕН на корона!

Неготинскиот градоначалник Тони Делков е позитивен на Ковид-19. Оваа информација попладнево ја објави и тој на социјалните мрежи, а информираа и од прес-службата на општината.

-Почитувани сограѓани. И покрај почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот, чувствувам обврска да Ве информирам дека по извршениот тест за Ковид-19 , резултатот е позитивен. Изразувам длабоко извинување до сите со кои изминатиот период имав контакт и уште еднаш апелирам, почитувајте ги мерките и препораките за заштита од коронавирусот, напиша Делков на Фејсбук.

Градоначалникот на Неготино додаде и дека до завршување на периодот на лекување и изолација, работните обврски ќе ги извршува од дома.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk