logo
logo
logo

Нови рекорди во градежништвото

ГРАДЕЖНИШТВОТО РУШИ РЕКОРДИ: Историски раст од 22%, реализирани градежни работи за 242 милиони евра

Vecer | 07.09.2026

ГРАДЕЖНИШТВОТО РУШИ РЕКОРДИ: Историски раст од 22%, реализирани градежни работи за 242 милиони евра

Градежништвото бележи историски раст од 22 отсто, резултат кој според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е највисок квартален раст досега. Николоски, кој денеска во Куманово присуствуваше на примопредавањето на новите комунални возила набавени со поддршка од Светската банка, оцени дека станува збор за исклучително висок раст кој не е изолиран резултат, туку продолжение на позитивниот тренд во градежништвото од минатата година.

Николоски истакна дека се работи за исклучително висок раст, и раст кој што не е феномен само за вториот квартал, туку е континуитет уште од минатата година.

-Ние во 2024 година ги поставивме темелите, ги поставивме проектите и веќе од 2025 гледаме силен развој во делот на градежништвото. Секој квартал е далеку, далеку над она што било просек претходно. Ова е историски највисок квартал- рече Николоски.

Министерот за транспорт посочи дека на терен се завршени градежни работи со вредност од 242 милиони евра и тоа за само 3 месеци, а како што рече „споредено со истиот период минатата година, растот е околу 22%, а и минатата година имаше раст“.

-Навистина градежништвото станува основен двигател на економијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период – да реализираме уште доста бројни проекти кои што ќе значат сериозен раст на градежништвото, а со тоа и на бруто-домашниот производ- рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk