logo
logo
logo

Град Скопје: Исчистен просторот под скопското Кале, отстранети 15 кубни метри отпад

Vecer | 21.02.2022

Град Скопје: Исчистен просторот под скопското Кале, отстранети 15 кубни метри отпад

Екипи на ЈП „Комунална хигиена“ викендов реализираа голема акција за чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар на тој потег. Во рамките на оваа голема акција, екипите на ЈП Комунална хигиена отстранија околу 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Чистењето на сите диви депонии во Скопје е приоритет, со цел превенција од загадување на воздухот, почвата и водите и заштита на здравјето на граѓаните. Eкипите на градските јавни претпријатија ќе продолжат и во наредниот период со засилени активности на терен за расчистување на дивите депонии на подрачјето на Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk