logo
logo
logo

Гостиварка „позајмила“ фотки од малолетничка и ги објавила на својот Фејсбук-профил

Vecer | 08.06.2021

Гостиварка „позајмила“ фотки од малолетничка и ги објавила на својот Фејсбук-профил

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.

Како што стои во соопштението од Јавното обвинителство, на така преземените фотографии, осомничената додавала недолични и лажни коментари, кои што предизвикале чувство на омаловажување на малолетничката и нејзината мајка.

Осомничената се товари дека го сторила кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“ поради тоа што, како што се маведува во соопштението, без согласност, на 14 и 15 мај 2021 година, во неколку наврати ги сторила горенаведените активности казниви според  член 149 став 1 од Кривичниот законик.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk