Изгаснат е пожарот спроти Клинички центар, објави Курир.
Како што објавивме, претпладнево избувна голем пожар на оваа локација во населба Водно.
Очевидец кој ја контактираше редакцијата на Курир ни кажа дека автомобил е во пламен, а пожарот има опасност да се прошири.
За среќа, пожарот е изгаснат и спречена е поголема непријатност. На ова место сега се гледа изгорениот автомобил и направената штета.
На терен излезе полициска екипа, пожарникари како и вознемирени граѓани од околните згради.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата