logo
logo
logo

ГОРАТ ЧЛЕНСКИ ОД СДСМ - Членови од Јегуновце разочарани од партијата (ВИДЕО)

Vecer | 30.09.2021

ГОРАТ ЧЛЕНСКИ ОД СДСМ - Членови од Јегуновце разочарани од партијата (ВИДЕО)

Повторно на социјалните мрежи се споделуваат видеа со разочарани членови на СДСМ како горат членски книшки.

На видеото се гледа како неколку лица кои наводно се постари членови на СДСМ од општина Јегуновце си ги палат своите членски книшки поради незадоволството кое го имаат кон актуелниот градоначалник.

Од снимката може да видиме како лицето кое си ја пали својата членска книшка вели дека е цели 30 години член на СДСМ и дека поради тоа што е „многу задоволен“ го прави ова.

– Најстарите членови на СДСМ од Општина Јегуновце огорчени од актуелниот градоначалник од СДСМ и од политиките на Заев ги горат членските книшки! Иде Дунав, стои во Фејсбук објавата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk