logo
logo
logo

Секоја минута е важна!

ГОЛЕМА РЕФОРМА НА „194“ - Итната помош во Скопје станува независна институција

Vecer | 19.06.2026

ГОЛЕМА РЕФОРМА НА „194“ - Итната помош во Скопје станува независна институција

На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи.

– Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на организациската и оперативната самостојност на службата. Со формирањето самостоен центар за итна медицинска помош ќе се овозможи поефикасно управување со ресурсите, посебно буџетско планирање, побрзо донесување одлуки и подобрување на одговорот на итните повици. Предложената реформа не претставува создавање нов систем, туку институционално зајакнување и модернизација на постојната организација за подобро планирање на ресурсите, инвестициите и кадровскиот развој, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Од Министерството за здравство соопштија дека во првата фаза е предвидено издвојување на Итната медицинска помош – Скопје како самостојна институција по што постепено ќе следува интегрирање на другите служби во рамките на идниот центар за итна медицинска помош.

„Реформата се темели на позитивните искуства од земјите во регионот, каде што итната медицинска помош е организирана како самостојна институционална структура, што овозможува подобра координација на тимовите, поефикасно користење на ресурсите и воспоставување единствени стандарди за работа и професионален развој. Формирањето на центарот ќе придонесе за надминување и на долгогодишните кадровски и организациски предизвици обезбедувајќи поефикасен систем на итна медицинска помош за граѓаните“, наведуваат од Министерството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk