logo
logo
logo

ГОЛЕМА ПОМОШ: ЕУ стокми 140 илјади евра за најпогодените од пожарите! Пресметавме по колку ќе добијат

Vecer | 15.09.2021

ГОЛЕМА ПОМОШ: ЕУ стокми 140 илјади евра за најпогодените од пожарите! Пресметавме по колку ќе добијат

ЕУ најави дека ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови во борбата со пожарите кои избувнаа во Северна Македонија кон крајот на јули. Помошта е наменета за 12 600 погодени лица, како и за оние кои беа во првите редови на борбата со огнената стихија.

Ова значи дека, ако се изземат оние кои биле во првите редови бидејќи нивниот број не го знаеме, дека оштетените би добиле помош од по максимум 11 евра (или во вредност од 11 евра) - проста математика.

Средствата се дел од вкупниот придонес на ЕУ во Фондот за итна помош при катастрофи (ДРЕФ) на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (IFRC). Средства се поддржани и од националниот Црвен крст, кој ќе помага во испораката на потребната помош, вклучувајќи храна и други основни производи.

Хуманитарната помош е наменета за 12.600 погодени лица. Дел од хуманитарни средства се храна и хигиенски пакети, пакети за бебиња, сетови за прва помош, душеци, ќебиња, кујнски прибор и постелнина. Исто така, се најавува дека ќе продолжи и поддршката за противпожарните тимовишто дејствуваат на терен.

Од 30 јули оваа година, Северна Македонија од 30 јули беше зафатена со топлотен бран по кој следуваат и пожари коишто нанесоа огромни штети во неколку региони во земјата.Пожарите ги опустошија „белите дробови“ на Малешевијата, зафатија плодно земјиште, посеви и имот на населението. Едно лице загина, а неколкумина беа повредени. Пожарите коишто пеплосаа неколку региони и уништија илјадници хектари шума, предизвикаа ненадоместлива штета за „Национални шуми“.

Голем број куќи и објекти, исто така, беа опожарени во Берово, Пехчево, Делчево, а огнените јазици ја зафатија и околината на Кочани, Битола, Гевгелија, Старо Негоричане.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk