logo
logo
logo

Го паметите Кирацовски? ЕВЕ КАКВА ФИРМА ИМА ОТВОРЕНО

Vecer | 05.11.2024

Го паметите Кирацовски? ЕВЕ КАКВА ФИРМА ИМА ОТВОРЕНО

Поранешниот потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски, официјално и самиот стана претприемач со отворање на почетен бизнис во Битола, најпрво за издавање на деловен простор и апартмани, а потоа, како што сам вели, со можност да се прошири на други дејности, пренесе Фактор.

Некогашниот генерален секретар на СДСМ и дополнителен министер за дигитализација и информатичко општество ја основа фирмата „Сапиенс Инвест“ со адреса на улица Климент Охридски во Битола, каде што се наоѓа и самиот објект со кој ќе менаџира Кирацовски.

Тој вели дека како физичко лице своевремено ги издавал апартманите со дозвола од општината, но дека сега преку фирмата која ја формирал, првично со дејност „друг вид на сместување“, сака да се обиде да направи покрупни бизнис чекори.

- Станува збор за издавање на пет апартмани и на деловен простор кој во моментов е под закуп во договор со „Еурофарм“. Тоа е објект кој е одамна во моја и во сопственост на член на моето семејство. Тоа е засега, а понатаму ќе видиме. Во самото име на фирмата се наведени повеќе дејности (производство, трговија, услуги, угостителство и градежништво), додава Кирацовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk