logo
logo
logo

Ѓорѓиевски: Внимаваме на квалитетот на изведбата, проектите треба да бидат трајни

Vecer | 27.11.2021

Ѓорѓиевски: Внимаваме на квалитетот на изведбата, проектите треба да бидат трајни

– Посебно внимание обрнуваме на квалитетот на работата. Реконструираните улици ќе ги исполнуваат законски пропишаните норми за асфалтирање, асфалтот ќе биде со пропишаната дебелина, па нема да ни се случуваат оние грди слики од пред година, две, кога на скапо платена реконструирана улица после два месеца се отвораа дупки, а измерениот асфалтен слој беше двојно потенок од законскиот минимум-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.
Од Општина Кисела Вода соопштуваат дека работите се одвиваат согласно предвидената динамика. Наскоро, најавуваат, бенефитот ќе го почувствуваат преку 500 жители од овој дел на Кисела Вода, како и учениците и нивните родители кои ги носат во училиштето во непосредна близина, ООУ “Кирил Пејчиновиќ“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk