logo
logo
logo

Ѓорчев: Поради СДСМ ни се случува ужасна ситуација

Vecer | 16.02.2021

Ѓорчев: Поради СДСМ ни се случува ужасна ситуација

„Доволно е да ги погледнеме бројките и да ги видиме фактите, и се доаѓа до еден многу едноставен заклучок, а тоа е под прво дека Македонија е најлоша на светот кога станува збор за смртност по глава на жител или во топ три земји.

Истовремено Македонија е земја која што има најмалку вакцини. Значи најмногу жртви, и најмалку вакцини“, рече Владимир Ѓорчев, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во „Само Вистина“.

Ѓорчев додаде дека денес е еден тажен ден, ужасно лош ден за Македонија бидејќи официјално го допре бројот од 3.000 починати лица. Човек на таа бројка од 3.000 починати лица не може да биде рамнодушен, таа бројка воопшто не е мала за земја како што е Македонија.

„Никој не е понеуспешен од Македонија. Никој не е полош од Македонија. Ако ги погледнете светските листи Македонија е на 5-то, 6-то, седмо место се менува од ден на ден, но важниот момент е дека тие пресметки кои што се прават се прават врз основа на минатиот попис кој што беше нерелевантен и кој што го немаме веќе 20-тина години, а кој што покажува 2.1 милион жители во Македонија.

Македонија реално има 1.7 милиони жители. И ако ја правиме пресметката за 1.7 милиони жители, а не 2.1 милион жители како што сега се прави, за тоа што сите знаеме дека имаме стотици илјади луѓе кои што фигурираат дека се во Македонија, а реално не се, тогаш доаѓаме до бројката дека овие 3.000 починати лица од КОВИД-19 од еднаш не се 1.500 на еден милион жители. Туку се повеќе од 1.800 на еден милион жители“, заклучи Ѓорчев.

Ѓорчев посочи дека ако имаше друга влада наместо ова што ја води СДСМ, жртвите од КОВИД-19 ќе беа далеку помалку од што денес ги има. А, со ова само се докажува уште еднаш неспособноста на Заев и СДСМ да се справат со КОВИД – 19.

„На вакво фијаско, епско, ваква ужасна ситуација, ваква бројка која што е 3 пати поголема од жртвите на скопскиот земјотрес, 3 пати повеќе мртви одошто земјотресот 1963 година. И никој од Владата да не преземе одговорност, тоа е срамота“, нагласи Ѓорчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk