logo
logo
logo

Германските експерти ЗА ЕДЕН ДЕН ЗАВРШИЛЕ СО УВИД во модуларната во Тетово

Vecer | 17.09.2021

Германските експерти ЗА ЕДЕН ДЕН ЗАВРШИЛЕ СО УВИД во модуларната во Тетово

Германските истражители кои дојдоа да помогнат во истрагата за тетовската модуларна болница за само еден ден го завршија  увидот. Собраните докази ќе се вештачат во лабораториите во Германија, а резултатите од вештачењето и анализите ќе бидат доставени во Јавното обвинителство Тетово, потврдиле од ЈО за ТВ 24.

Истовремено пак Обвинителството за организиран криминал и корупција ја  разгледува документацијата за јавната набавки на сите модуларни болници.

„Обвинителството за организиран криминал и корупција, е надлежно само во делот на јавната набавка, и само тоа ќе се проверува, дали се испочитувани процедурите. Оваа набавка одела и според посебен закон кој го има донесено Владата. И само тоа е наша надлежност другото не.“ - Вилма Русковска – Обвинителство за организиран криминал и корупција.

Министерот Филипче пак денеска прв пат после понудената оставка се појави во јавноста. Вели - не бегал од одговорност.

Пожарот во модуларната болница во Тетово избувна на 8-ми септември. Четиринаесет лица, од кои најголем дел пациенти кои се лекуваа од КОВИД загинаа, а 12 беа повредени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk