logo
logo
logo

Германски пратеник поднесе оставка oти лобирал за Никола Груевски

Vecer | 19.03.2021

Германски пратеник поднесе оставка oти лобирал за Никола Груевски


Пратеникот на владејачката ЦСУ во Бундестагот, Тобијас Цех поднесе оставка на функцијата откако беше откриено дека лобирал за поранешниот македонски премиер Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година.

Цех во ноември 2016 се појави и на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања и со микрофонот во рака порача: „Доколку ја изберете оваа партија, доколку повторно гласате за Никола Груевски, гласате за курс кон иднината на Македонија“. Истражувањето на весникот Шпигел открива дека симпатиите на Цех не биле само од политичка, туку и од бизнис природа, пренесува „Дојче Веле“.

Цех имал договор за ПР-консалтинг со тогашната владејачката партија во Македонија и 50.000 евра на своето конто. Тој одбил за Шпигел да одговори дали лично ги организирал средбите на Груевски во Берлин и Минхен, но функционери на ЦСУ кои биле на средбите потврдиле за магазинот дека иницијативата била на Цех.

Германскиот политичар вели дека во периодот додека соработувал со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, не знаел за обвинувањата за корупција и злоупотреба на власта. Дури пред пресудата за Груевски, од медиумите дознал дека постоеле такви сомнежи, но договорот веќе бил завршен.

Како што пренесе „Дојче Веле“, денес 39-годишниот политичар е на чело на Управниот одбор на компанијата „ФармКан“ (PharmCann Deutschland AG) и со неа е тесно поврзан со одгледување канабис во Северна Македонија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk