logo
logo
logo

Георгиевски Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено

Vecer | 02.07.2022

Георгиевски Камиказа: Не даваме ни педа од тоа што е наше и со крв спечалено

Пред присутните граѓани на протестот насловен „Ултиматум НЕ, благодарам!“ се обрати познатиот уметник Петар Ѓорѓиевски Камиказа облечен во неговиот дрес со натпис Македонија -Со овој дрес што го имам на мене имам истрчано преку 100 маратони во целиот свет и никому не му пречеше, а сега се најдоа некои да им смета светото име Македонија, Македонците и македонскиот јазик, потенцираше Георгиевски. Тој им порача на присутните и на институциите во државата дека народот нема да отстапи ни педа повеќе и нема да дозволи нови понижувања.. -Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk