logo
logo
logo

Гази Баба го доби првиот овошен парк

Vecer | 05.12.2022

Гази Баба го доби првиот овошен парк

Со засадување на 75 овошни садници со сертификат, произведени во Опитно поле-ФЗНХ, Скопје, општина Гази Баба го доби првиот овошен парк. Како што информираат од Општина Гази Баба, акцијата се реализираше во рамките на платформата Take green actions и спроведување на кампањата „Зелен лист – Воздух чист“, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и компанијата ДС Смит-Скопје. Поводот за засадување на овошни садници беше одбележувањето и на 75 годишнината на Факултетот за земјоделски науки и храна и компанијата „ДС Смит“ од Скопје, 15 годишнината од формирањето на ЈКП „Гази Баба 2007“ и секако одбележувањето на Светскиот ден на волонтерството. Во наредниот период активностите за формирање на овошни паркови ќе се прошири и во други делови на општина Гази Баба. Инаку, предвидени се активности за формирање на овошни паркови во основните училишта и градинките. -Со формирањето на урбаните овошни паркови од една страна се дава поддршка на предизвикот на ФАО Свет без глад до 2030 година и од друга страна созадаваме нови зелени површини и придонесуваме кон зачувување на животната средина – соопштија од локалната самоуправа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk