logo
logo
logo

Ганиу: Шеснаесет луѓе од Чаир загинаа, нема атмосфера да се украсува за Нова година

Vecer | 25.11.2021

Ганиу: Шеснаесет луѓе од Чаир загинаа, нема атмосфера да се украсува за Нова година

Советот на општината општината Чаир  одлучи да ги пренамени средствата за украсување за Нова година за помош за семејствата на загинатите во несреќата која се случи во Бугарија.

– Ги алоциравме средствата наменети за украсување на општината за Нова година. Шеснаесет луѓе од нашата општина загинаа и нема никаква атмосфера да се украсува за Нова година, вели за Утрински брифинг градоначалникот на Чаир Висар Ганиу.

Огромна трагедија во трагедијата е што меѓу загинатите има мнгу деца, повеќето од општината Чаир.Тој додава дека со новиот буџет ќе предвидат поголеми средства за помош за семејствата на загинатите. Централната власт го покрива транспортот, исламската верска заедница ќе ги покрие трошоците околу погребот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk