logo
logo
logo

Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров

Vecer | 18.03.2022

Гајдов: Фрчкоски е мозокот на атентатот врз Глигоров

И ЦИА и британската и германската тајна служба веднаш по атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров испратија телеграми до македонските служби да не се пипа ништо на местото на атентатот затоа што нивни специјални единици веднаш доаѓаат. Но, тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски дал наредба само после 120 минути да се тргне мерцедесот од местото на атентатот. Тој е мозокот на атентатот. Ова вечерва го изјави Љубомир Гајдов, долгогодишен новинар, надворешно-политички коментатор за емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5.

- Во разговор со заменикот на шефот на ФБИ, на моето прашање за тоа кој е организаторот на атентатот, тој ми рече дека тоа „Го направија вашите. Најблиските соработници на Глигоров“. Фрчкоски е мозокот на атентатот. И шефот на ЦИА Џорџ Тенет во една прилика изјави дека се знае кои беа најблиските пријатели и соработници на Глигоров. Мислите случајно е тоа зошто Вашингтон не се согласи поранешниот македонски министер за внатрешни работи да биде амбасадор во САД. Тоа секој паметен човек може да го прочита, изјави Гајдов.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk