logo
logo
logo

Бранимир Јовановиќ

“Одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна“

Vecer | 31.03.2023

“Одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна“

Судиите се „почестија“ себе си и останатите функционери со повисоки плати, додека здравствените работници добија ветување за зголемување на месечните примања од 2.000 до 3.000 денари. Незадоволството расте во сите останати сектори поради долгата криза и инфлацијата којашто ги „изеде“ платите.

Зголемување на платите на државните функционери доаѓа откако Уставниoт суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите.

На ова реагираше и претседателот Стево Пендаровски кој рече дека невкусно е во време на економска криза да се покачуваат платите кои се исплаќаат од државниот буџет. Тој ја повика Владата да се најде законско решение со кое ќе се регулира прашањето преку намалување на бодовите.

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ за Телма вели дека одлуката функционерите да си ги покачат платите е безобразна и нечовечна во време на криза и во услови кога сиромаштијата расте во земјата.

Извор: ТВ Телма

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk