logo
logo
logo

ФРЛЕНА ВО ЕЗЕРО БИСТАТА на Анте Поповски во Струга и тоа на 18 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА, оштетена е и таа на Славко Јаневски

Vecer | 01.10.2021

ФРЛЕНА ВО ЕЗЕРО БИСТАТА на Анте Поповски во Струга и тоа на 18 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА, оштетена е и таа на Славко Јаневски

Осквернавени бистите на Анте Поповски и на Славко Јаневски во Струга. Бистата на Анте Поповски е пронајдена во Охридското Езеро, додека бистата на Славко Јаневски била оштетена и превртена.

Реагираа од Струшките вечери на поезијата од каде што апелираат на  елементарна почит кон ликот и делата на македонските поети што се вградија во основањето на еден од најпознатите светски поетски фестивали.

- Не сакаме да претпоставиме дека аналфабетите вандали што го извршија овој чин воопшто имаат претстава дека денес 1 октомври се навршуваат 18 години од смртта на Анте Поповски, велат тие.

- Најостро го осудуваме вандалскиот чин на сквернавење на бистата на еден од најистакнатите македонски поети Анте Поповски, којашто беше откорната и фрлена во крајбрежјето, соопштија од СВП.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски посочувајќи дека полициски службеници извршиле увид и се работи на расчистување на случајот.

– Настанот е пријавен во ОВР Струга, полициски службеници веднаш излегоа на терен да извршат увид на лице место. Полицијата работи на расчистување на случајот и откривање на сторителите, изјави Димоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk