logo
logo
logo

Ѓорчев

„Францускиот предлог 100% ГИ ЗАДОВОЛУВА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА“

Vecer | 27.06.2022

„Францускиот предлог 100% ГИ ЗАДОВОЛУВА БУГАРСКИТЕ БАРАЊА“

Францускиот предлог е дефакто усогласен помеѓу Македонија, Франција и Бугарија. Бугарите многу огранизациски и фнкционално подготвени го дочекаа предлогот го дискутираа дебатираа и изглсаа. Тој предлог 100% ги задоволува бугарските барања и со тој потпишан протокол дефакто договорот за пријателство станува интегрален дел од преговарачката рамка, изјави поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев во вечерашното гостување во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа.

Ѓорчев посочи дека Македонија влегува во преговорите со Бугарија со врзани раце. Врзаноста на нашите раце произлегува од асиметричниот Договор за пријателство потпишан на 01 август 2017-та година.

– Ние треба да бидеме свесни зошто нас ни се врзани рацете и ако веќе имаме таков договор кој што е асиметричен и кој ги фаворизира бугарските интереси, тогаш Македонија за овие 5 години мораше да извлече поука, рече Ѓорчев.

Според Ѓорчев Нашиот пристап треба да биде храбар, добро концепиран и одобрен од Македонската академија на науките како што БАН му дава зелено светло на Петков.

– Наместо да бараме ние измена на договорот во сензибилните точки кои што се против нашите интереси, ние тврдоглаво удиравме со глава во ѕид. Ние удирајќи со главата во ѕид не стигнавме никаде, кажа Ѓорчев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk