logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА од потпишувањето на Договорот за СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО со Обединетото Кралство

Vecer | 22.05.2025

ФОТОГАЛЕРИЈА од потпишувањето на Договорот за СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО со Обединетото Кралство

Фотогалерија од предмалку потпишаниот Договорот за стратешко партнерство меѓу владите на Република Македонија и на Обединетото Кралство, парафиран од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и британскиот министер за економија и извоз Герет Томас, кои  во Лондон го потпишаа Договорот со кој земјава добива на располагање историски најголем обем на средства од пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти.

Договорот кој е  потпишан денеска, порано неделава беше усвоен од македонската Влада, откако премиерот Христијан Мицкоски и неговиот британски колега Кир Стармер постигнаа согласност за стратешко партнерство на средбата одржана во рамки на Самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Договорот за стратешко партнерство меѓу двете земји, кој се оценува како историски, е резултат на повеќемесечни интензивни преговори меѓу дипломатски и експертски тимови од двете страни и претставува потврда за конкретна и долгорочна определба за зајакнување на билатералните врски и економската соработка со Обединетото Кралство.

фб

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk