logo
logo
logo

(ФОТО) Вардар се излеа од коритото, направи проблем во Велес и Зелениково

Vecer | 25.01.2023

(ФОТО) Вардар се излеа од коритото, направи проблем во Велес и Зелениково

Реката Вардар се излеа на дел од реонот на Општина Зелениково и зафатени се 15 до 20 метри од нивите. Ако се зголеми водостојот на реката постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на дел од куќите, информираат од Центарот за управување со кризи, пренесува МКД.мк. Во продолжение може да погледнете како изгледа тоа во Велес и во Зелениково. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото на реката Вардар во централното подраје на градот Велес е покачено за половина метар. На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, што веќе го намалува интензитетот. Од ЦУК известуваат дека овие информации се споделени и со Дирекцијата за спасување за преземање мерки и активности во нивната надлежност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk