logo
logo
logo

(ФОТО) Шекеринска објави дека се враќа во политиката: Следуваат ли главоболки за Таче?

Vecer | 15.10.2022

(ФОТО) Шекеринска објави дека се враќа во политиката: Следуваат ли главоболки за Таче?

Поранешната заменик претседателка на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска не може  да издржи долго надвор од политиката. По неколкумесечната пауза од политичкиот живот таа се враќа со нов, европски предизвик.
-Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија.Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа, објави Шекеринска на нејзиниот Фејсбук профил.
Дали ова ќе предизвика главоболки за премиерот Ковачевски? Ако се знае дека Шекеринска не е баш наклонета кон неговите политики.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk