logo
logo
logo

“За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи

Vecer | 15.01.2026

“За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи

Невладината организација „За почиста Македонија“ собра 1.000 потписи и поднесе петиција до Владата и МВР за надградба на системот „Безбеден град“. Барањето е технологијата за видео-надзор да се користи за детекција и санкционирање на граѓаните кои фрлаат отпад од своите возила.

Зошто е потребна оваа мерка?

Според организацијата, отпушоците се најчестиот вид отпад покрај патиштата. Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово и арсен, кои ја загадуваат почвата и водата. Потребни се до 10 години за целосно да се разградат, а микро-пластичните влакна од филтерот завршуваат во земјата и реките.

Ризик од пожари и јавна безбедност

Фрлен отпушок од автомобил, особено во движење, претставува реален ризик за предизвикување шумски пожари. Во Македонија секоја година има голем број пожари, а оваа практика ја загрозува природата, животните, имотот и безбедноста на граѓаните.

Камерите на „Сејф сити“ веќе детектираат прекршоци како минување на црвено светло, неправилно паркирање и пребрзо возење. Системот може да се надгради со алгоритам за препознавање на фрлање отпад од возила, што веќе се применува во европски градови.

Според иницијаторите на петицита, воведувањето казни ќе го намали загадувањето, бројот на пожари и ќе ја подигне еколошката свест и дисциплината во сообраќајот.

Системот „Сејф сити“ треба да стартува од 1 февруари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk