logo
logo
logo

ФОТО| Откриена лабораторија за производство наркотици во скопско

Vecer | 06.12.2021

ФОТО| Откриена лабораторија за производство наркотици во скопско

Маж е приведен откако во понеделникот во акција на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје во неговара винкендичка во Катланово била откриена постројка за производство на наркотик.

Акцијата била спроведена по претходно добиени оперативни сознанија и наредба од Основен кривичен суд Скопје, по што бил извршен претрес во викенд куќа на Н.З. (47) во селото  Градмановци, Катланово, при што е пронајдена лабараторија за производство на марихуана.

Покрај тоа, запленети се и околу 200 саксии со насади, филтри за воздух и друга опрема за производство, околу два килограми марихуана.

Н.З. е приведен и против него, по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk