На 04.10.2023 во 17.30 часот на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.
При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.
За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата