logo
logo
logo

(ФОТО) Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир

Vecer | 22.05.2022

(ФОТО) Американската амбасадорка Брнз во посета на Бигорски манастир

Во посета на македонското древно светилиште „Свети Јован Крстител”, попознато како Бигорски манастир денеска беше американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На средбата со Игуменот, Епископот Партениј, таа ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија да го признае канонскиот статус на МПЦ-ОА. Амбасадорката на САД се запознала со манастирскиот живот во Бигорски, посетувајќи ја и библиотеката. -На срдечната средба во работната одаја на Старецот, тој и Амбасадорката разговараа за манастирскиот живот и за севкупната евангелска и социјална мисија на Братството. Притоа, високата претставничка на САД искрено честиташе и го поздрави актот од 9 мај на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од Неговата Сесветост, Патријархот г. г. Вартоломеј, според кој нашата Црква е примена во евхаристиско и канонско единство со сиот православен свет. По разговорот со Старецот, г-ѓа Кејт Мери Брнз и нејзината придружба имаа можност да ги разгледаат содржините на манастирот, имајќи го за свој водич нашиот собрат, Архимандритот Доситеј, стои во објавата на Бигорски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk