logo
logo
logo

Фон дер Лајен: Ако годинава не се реши спорот со Бугарија, ЌЕ ИМА РАЗДЕЛУВАЊЕ на Македонија и Албанија

Vecer | 28.09.2021

Фон дер Лајен: Ако годинава не се реши спорот со Бугарија, ЌЕ ИМА РАЗДЕЛУВАЊЕ на Македонија и Албанија

Претседателката на ЕК во однос на прашањето дали доколку спорот со Бугарија не биде решен пакетот Македонија – Албанија ќе биде разделен во декември или напролет, подвлече дека за Брисел сега е важно да се фокусира на испорачување резултати сега, односно до крајот на годината.

- Со двете страни работиме и разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, се со цел да ја надминеме последната пречка и да започнеме со првата меѓувладина конференција. Нашата цел е со Македонија и Албанија да започнеме пред крајот на годината. Има многу работа. Сметам дека е добар процес, многу разговори, затоа што има многу теми коишто можат да се решат со добар дијалог, со инвестирање на добри идеи за тоа како да се решат проблемите, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје.

Според неа севкупната цел е да се започне со пристапниот процес којшто веќе не треба да биде попречуван односно дека цел е до крај на годината да започне со првата меѓувладина конференција.

Нашата цел е Македонија и Албанија да започнат со пристапниот процес пред крајот на годината. ЕК разговара со Скопје и Софија за надминување на блокадата, рече таа.

Премиерот Заев, изрази уверување дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, користејќи го како основа предлогот на португалското претседателство кој е преземен од актуелниот претседатвач Словенија.

- Јас искрено верувам како што е надежта и на ЕК, дека можеме навистина до крајот на годината, значи до крајот на декември да изнајдеме решение, решение кое ќе се темели на европските вредности европските правила каде што идентитетските прашања се многу важна работа и се почитуваат. Ние ги негуваме сите европски идентитети овде кај нас, сакаме и нашиот македонскиот идентитет со македонскиот јазик да бидат негувани. Драго ми е што имаме позитивни сигнали во тој дел на најважната област во која што се разговара, рече Заев.

Тој вели дека останатиот дел се однесува на патоказот преку кој, ќе ја унапредиме соработката и ќе ја забрзаме согласно Договорот за пријателство, добрососедство и внатре се токму двете ноти за кратко и долго име, за немешање во внатрешните работи и слично.

- Јас верувам дека ќе постигнеме како и темелите на предлогот на португалското претседателство коешто словенското претседателство го прифати како можно решение кое реално е прифатливо за двете страни. И тука е некаде решението. Духот на пријателството соработката и добрососедството треба да го негуваме двете страни. Не само нашата страна, не само бугарската страна, двете страни затоа што навистина сме први соседи, навистина имаме добра соработка и верувам дека тоа им го должиме и на сегашните и на идните генерации, рече премиерот Заев.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk