logo
logo
logo

Филозофскиот факултет – Скопје ќе додели награди по повод 100 години од основањето

Vecer | 30.11.2021

Филозофскиот факултет – Скопје ќе додели награди по повод 100 години од основањето

Наградата се доделува на поединци, органи, организации и институции кои дале придонес за развојот и унапредувањето на Филозофскиот факултет, како и на организации со кои факултетот има остварено успешна и исклучителна соработка. Наградата се доделува и на професори постхумно и пензионирани професори, основоположници на институтите на факултетот. Поздравни обраќања на свеченоста ќе имаат деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, Ратко Дуев, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, Наталија Јовановиќ, декан на Филозофскиот факултет во Ниш и претседател на Заедницата на Филозофски и Филолошки факултети на Југоисточна Европа и проф. д-р. Јасмин Ахиќ, декан на Факултет за криминалистика, криминологија и сигурносни студии од Сараево, по што ќе бидат врачени наградите. Поради пандемијата на коронавирусот планираната свеченост не се одржа минатата година, кога Филозофскиот факултет – Скопје прослави 100 години од своето основање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk