logo
logo
logo

“Филипче стана МИНИСТЕР ЗА МОТО ТРКИ“

Vecer | 03.04.2021

“Филипче стана МИНИСТЕР ЗА МОТО ТРКИ“

Дафина Стојановска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Министерството за здравство изјави дека министерот за здравство, Венко Филипче нема срам, ниту доблест да се повлече од фунцијата.

Со едноминутно молчење присутните им оддадоа почит на починатите од коронавирусот.

„Двоецот Заев - Филипче вчера се надминаа себеси во својата неизживеаност, па со хеликоптер слетаа во Прилеп. Оваа нивна авантура чини околу 4.000 евра“, вели Стојановска.

Министерот за здравство го нарече нарцис и рече дека функционира „на туркање“.

„Македонскиот народ е на маки, а тие имаат име, Филипче и Заев“, рече пратеничката.

Вели дека Филипче станал министер за мототрки. Вели дека на илјадници луѓе вакцинирањето им е одложено до недоглед. Присутните побараа оставка од министерот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk